Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп, за време на разговор на 16 октомври, дека испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина ќе доведе до ескалација, објави „Волстрит џурнал“.
Овој разговор го убедил да не го поддржи трансферот на ракети „Томахавк“ во Украина, објави весникот, повикувајќи се на американски претставници.
На почетокот на ноември, Трамп рече дека засега не разгледува никаков договор што би вклучувал испорака на ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина и дозвола таа земја да ги користи за напад врз руска територија.
Исто така, во октомври, за време на работен ручек со Владимир Зеленски во Белата куќа, американскиот претседател рече дека би сакал да не испорача ракети во Украина затоа што „не сакаме да подаруваме работи што ни се потребни за да ја заштитиме нашата земја“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата