logo
logo
logo

Унгарија: А ставот на два милиони граѓани за членството на Украина во ЕУ?

Vecer | 03.07.2025

Унгарија: А ставот на два милиони граѓани за членството на Украина во ЕУ?

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљаш изјави денес дека Европската Унија мора да го почитува мислењето на два милиони граѓани кои учествуваа во јавната анкета „Гласај 2025“ и се спротивставија на членството на Украина во ЕУ.

Гуљаш, исто така, го повтори она што официјална Будимпешта го нагласува со месеци, дека иднината на Украина „не лежи“ во НАТО.

Зборувајќи на редовната прес-конференција, Гуљаш рече дека овогодинешниот самит на НАТО е „фундаментално различен“ од претходните, со јасна порака од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека членството на Украина во Алијансата „не е реална опција“, објави МТИ.

Спротивно на тоа, додаде тој, самитот на ЕУ беше „значително потежок“, бидејќи европските земји, за разлика од САД, сè уште не го промениле својот пристап кон украинското прашање.

Тој посочи дека премиерот Виктор Орбан јасно ја искажал унгарската позиција на состанокот на лидерите на ЕУ.

Гуљаш нагласи дека безбедноста на ЕУ во претходните проширувања беше обезбедена со приемот на земјите кои веќе беа членки на НАТО. Според него, во случајот со Украина, ЕУ нема да има исти безбедносни гаранции, што значи дека треба да се разгледа „различна форма на однос“ со таа земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk