logo
logo
logo

ПЕКОЛ ВО ШПАНИЈА, ОГРОМЕН ПОЖАР ВО МАГАЦИН ЗА ХЕМИКАЛИИ!

Vecer | 14.05.2025

ПЕКОЛ ВО ШПАНИЈА, ОГРОМЕН ПОЖАР ВО МАГАЦИН ЗА ХЕМИКАЛИИ!

Властите на шпанскиот град Алкала де Гвадаира им наредија на 80.000 жители да останат во своите домови поради пожар во хемиски магацин, објавија денес шпанските медиуми.

Како што наведоа службите за итни случаи, нема извештаи дека некој е повреден во пожарот, бидејќи сите работници во фабриката се евакуирани, пренесува „Каденасер“.

Пожарникари од неколку провинции се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во компанијата „Плејнсур“, во просторот каде што се складираат хемиски разредувачи на површина од 1.000 квадратни метри.

Како резултат на пожарот, се создаде црн облак од чад, кој е видлив од градовите оддалечени повеќе од 80 километри од местото на инцидентот.

На локалното население му е наложено да не излегува надвор до понатамошно известување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk