Во своите синоќешни коментари за Украина и Русија, американскиот претседател Доналд Трамп кажа нешто што малку помина под радар. Покрај тоа што рече дека му е потешко да се справува со Украинците отколку со Русите, коментирајќи ја моменталната ситуација во војната, тој рече и дека „Путин го прави она што секој би го направил“.
На прашањето дали Путин ја користи ситуацијата по повлекувањето на американската помош, Трамп одговори:
„Мислам дека тој го прави она што би го направил некој друг. Мислам дека сега ги удира посилно. Тој сака ова да заврши. Мислам дека и Украина сака војната да заврши, но не знам.
Трамп го повтори својот став дека е подготвен целосно да ја прекине помошта за Украина.
„Треба да знам дека тие сакаат договор. Не знам дали сакаат. Ако не, ние се повлекуваме - затоа што сакаме ова да се реши“.
Тој, исто така, неколку пати го повтори она што веќе стана мантра - дека војната немаше да избие ако тој беше претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата