Триесетгодишна жена избодела неколку минувачи со нож во Минхен во саботата навечер околу 19:45 часот. во близина на Терезиенвизе, каде што се одржува Октоберфест секоја есен, објавува Билд.
Таа прво нападнала 56-годишен маж на Вестендштрасе, а потоа и млада жена (25), повредувајќи ја и неа.
Кратко потоа, полицијата ја застрелала. Иако била однесена во болница на операција, таа набрзо починала од повредите. Засега нема информации за мотивот на напаѓачот.
Според информациите од „Билд“, жената наводно има проблеми со менталното здравје. Засега нема официјални детали за состојбата на нејзините жртви.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата