logo
logo
logo

НЕМА ВЕЌЕ КОМУ ДА СЕ ВЕРУВА: Слики и видеа за апсењето на Мадуро БИЛЕ ЛАЖНИ!

Vecer | 07.01.2026

НЕМА ВЕЌЕ КОМУ ДА СЕ ВЕРУВА: Слики и видеа за апсењето на Мадуро БИЛЕ ЛАЖНИ!

Неколку минути откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави „напад од големи размери“ врз Венецуела, социјалните медиуми беа преплавени со лажни слики и видеа генерирани од вештачка интелигенција (ВИ) на кои се прикажува претседателот на земјата, Николас Мадуро, во различни ситуации.

Меѓу виралната содржина беа фотографии од Мадуро како го водат американски агенти од авион, видеа од ракети за кои се тврди дека паѓаат врз Каракас и наводни сцени од граѓани кои слават на улиците, кои комбинираа вистински снимки од американски авиони со лажни визуелни елементи, објави Гардијан.

Аналитичарите за проверка на факти, вклучувајќи ја и страницата NewsGuard, рекоа дека петте идентификувани фотографии и двете видеа генерирани од ВИ само на X имале повеќе од 14 милиони прегледи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk