logo
logo
logo

Шамари за европските либерали секој ден: “ДА БИДАМ ИСКРЕН, ЕВРОПА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА“

Vecer | 15.02.2025

Шамари за европските либерали секој ден: “ДА БИДАМ ИСКРЕН, ЕВРОПА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА“

Европа ќе биде консултирана – но на крајот исклучена – од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри Кит Келог, специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина. На прашањето дали Европа ќе учествува во планираните преговори, Кит Келог рече дека доаѓа од „школата на реализмот и тоа нема да се случи“.

Можеби звучи непријатно, како гребење креда на табла, но јас ви кажувам нешто што е навистина искрено“, рече тој. „И на моите европски пријатели би им рекол: приклучете се на дискусијата, не со жалење дали ќе бидете на маса или не, туку со конкретни предлози, идеи и зголемување на трошоците за одбрана.“

Изјавите на Келог ќе предизвикаат вознемиреност кај некои европски лидери кои немаат доверба во Трамп и веруваат дека безбедноста на нивните земји е нераскинливо поврзана со судбината на Украина.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон ги поканил европските лидери во Париз во недела за да разговараат за ситуацијата.

Келог изјави дека една од причините за неуспехот на претходните мировни преговори меѓу Украина и Русија е учеството на премногу земји кои немаат капацитет да спроведат таков процес. „Ние нема да одиме по тој пат“, рече тој на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во својот говор на конференцијата предупреди дека Европа може да биде исклучена од преговорите. Тој ја повика Европа да преземе чекори и да формира европска армија во која Украина ќе има централна улога и нема да зависи од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk