logo
logo
logo

ИРАН СЕ УШТЕ ИМА КАПАЦИТЕТ за ракетни напади - Извештај на разузнавањето на САД

Vecer | 03.04.2026

ИРАН СЕ УШТЕ ИМА КАПАЦИТЕТ за ракетни напади - Извештај на разузнавањето на САД

Разузнавачките служби на Соединетите Американски Држави проценуваат дека Иран, и покрај интензивните американско-израелски напади, сè уште поседува значителен капацитет за лансирање ракети и дронови, изјавија за „Си-Ен-Ен“ извори запознаени со разузнавачките податоци.

Приближно половина од иранските ракетни лансери и понатаму се недопрени, додека илјадници дронови за еднократни напади („камикази“) остануваат во арсеналот на Техеран, наведоа изворите.

Проценките укажуваат дека голем дел од иранските крстосувачки ракети за крајбрежна одбрана се неоштетени, бидејќи американската кампања не била фокусирана на тие цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk