Следната недела се очекува да се одржи третата рунда директни разговори помеѓу Русија и Украина, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во однос на разговорите, се претпоставува дека наскоро ќе биде постигнат договор и дека ќе го дознаеме точниот датум на следната рунда.
Според него, посебно е важно да се разгледаат резултатите од досегашните средби.
Ова сме го истакнувале и претходно. Благодарение на работата на нашата делегација, и со лична ангажираност на помошникот на рускиот претседател Медински, успеавме да обезбедиме враќање дома на многу наши сонародници.
Песков посочи и на значењето на размената на телата на загинатите војници од хуманитарен аспект.
Двете страни, по рундите на разговори во Истанбул, постигнаа согласност за размена на затвореници по принципот „илјада за илјада“, како и за враќање на тешко болни и млади лица под 25 години според форматот „сите за сите“, со цел да се разменат најмалку 1.000 луѓе од секоја страна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата