logo
logo
logo

Австрија доби трипартитна коалициска влада

Vecer | 02.03.2025

Австрија доби трипартитна коалициска влада

Новата влада утре треба да положи заклетва во Парламентот.

Претседателката на Неос и најверојатно идна министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер им се заблагодари на членовите на партијата за нивната поддршка за планот за приклучување кон коалицијата, истакнувајќи оти „ова е вистински историски момент“.

ОВП, СПО и Неос пред неколку дена го претставија коалицискиот договор. Новата австриска влада предводена од лидерот на ОВП, Кристијан Штокер, планира построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најави континуитет во надворешната политика и политиката на ЕУ, што вклучува континуирана поддршка за Украина во одбраната од руската агресија.

Трите партии преговараа за коалиција по изборите во септември, но преговорите пропаднаа во февруари поради несогласувањата помеѓу СПО и Неос. Потоа мандатот за формирање влада го доби десничарската популистичка Партија на слободата на Австрија (ФПО), која исто така освои најмногу гласови на изборите во септември. Но преговорите помеѓу ФПО и ОВП пропаднаа поради несогласувања околу поделбата на надлежностите. Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен повторно ги повика ОВП, СПО и Неос да преговараат и поголема волја за компромис. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk