Комесарката на австралиската Федерална полиција, Криси Барет, изјави дека првичните проценки покажуваат оти напаѓачите немале формална обука за време на нивниот престој на Филипините во ноември.
Напаѓачот Навид Акрам е обвинет по 15 точки за убиство и тероризам, додека неговиот татко, Саџид Акрам, беше убиен од полицијата за време на нападот. Полицијата претходно соопшти дека тие биле инспирирани од идеологијата на Исламската држава (ИД), а во нивниот дом биле пронајдени знамиња на оваа терористичка група.
Истрагата останува фокусирана на нивното патување во регионот Минданао на Филипините, каде ИД претходно изведуваше напади, за да се утврди дали постоела каква било логистичка поврзаност со странски структури.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата