Според властите, нападот се смета за атентат. На видеа на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор на митинг во западен дел од градот, кога се слушаат истрели. На други снимки Урибе лежи на земја, крвав.
Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, соопшти дека Урибе е пренесен во итна медицинска установа. Еден осомничен е уапсен, а според здравствените власти, сенаторот бил погоден од три куршуми, од кои два во главата. Според колумбискиот весник „Ел Тиемпо“, напаѓачот е 15-годишно момче.
🇨🇴| Este es el momento en donde las autoridades capturan al sicario de Miguel Uribe. Iba herido en una pierna.
— Agustín Antonetti (@agusantonetti) June 8, 2025
El terorrista tiene 15 años.pic.twitter.com/9V0YqfocBq
Колумбиската влада, предводена од левичарскиот блок, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „напад врз демократијата, слободата на мислата и правото на политичко учество“.
Мигел Урибе е член на партијата Демократски центар, чиј лидер е поранешниот претседател Алваро Урибе, кој беше на власт од 2002 до 2010 година. Мигел Урибе ја објави својата кандидатура во октомври минатата година.
Пред да биде објавено дека напаѓачот е уапсен, министерот за одбрана Педро Санчес понуди награда од 700.000 долари за информации што ќе помогнат во идентификација и апсење на одговорните за нападот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата