Во 00:24 часот по македонско време, првпат после 53 години, НАСА ќе лансира мисија со екипаж кон Месечината. Ракетата SLS со капсулата Орион и четворица астронаути ќе полета од вселенскиот центар „Кенеди“, на Флорида. Мисијата трае десет дена и не предвидува слетување.
На леталото се НАСА астронаутите Рид Вајзман како командант, Виктор Гловер како пилот, Кристина Кох како специјалист за мисија, и Канаѓанецот Џереми Хансен, исто така специјалист за мисија.
Секој од нив го носи своето историско прво: Гловер ќе биде прв астронаут афроамериканец кој ја напушта ниската орбита, Кох ќе биде прва жена која лета кон Месечината, Хансен ќе биде прв не-Американец кој патува до нејзината близина. Вајзман ќе стане најстариот човек кој излегол надвор од ниската орбита.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата