logo
logo
logo

Армиите на НАТО не се подготвени за војни со дронови, изјави украински командант

Vecer | 05.03.2025

Армиите на НАТО не се подготвени за војни со дронови, изјави украински командант

 Вооружените сили на земјите од НАТО не се подготвени за модерна војна со дронови, изјави командантот на украинските единици кои ракуваат со беспилотни системи, полковник Вадим Сухаревски, три години по почетокот на руската инвазија врз Украина и во време кога двете страни во конфликтот се стремат кон технолошка супериорност.

Киев се обидува да биде пред својот непријател со користење на вештачка интелигенција, распоредување на повеќе копнени дронови и тестирање на ласери за соборување руски дронови, додаде тој.

Полковникот го опиша темпото со кое се развива војната со дронови и начинот на кој таа ги менува воспоставените воени доктрини.

- Од она што го гледам и слушам, ниту една армија на земја на НАТО не е подготвена да се справи со дронови кои напаѓаат во бранови, рече тој во интервјуто.

Според него, НАТО треба да ги препознае економските предности на дроновите, кои често чинат многу помалку од конвенционалното оружје потребно за нивно соборување.

- Тоа е проста математика. Колку чини проектилот за соборување на (руски дрон) Шахед? И колку чини распоредувањето на брод, авион и систем за воздушна одбрана за да се пука во него?, рече тој.

Дроновите со долг дострел од најосновните модели можат да чинат само неколку илјади долари, иако нападните дронови Шахед се проценети на петцифрена сума. Ракетите за пресретнување на летечки објекти обично чинат шест или седум цифри и многу земји имаат ограничени резерви, што ја прави нивната употреба крајно неекономична.

Украина тврди дека во 2024 г има произведено 2,2 милиони мали дронови од типот „дрон со поглед од прво лице“ и 100.000 поголеми дронови со долг дострел. Русија претходно соопшти дека истата година ќе произведе 1,4 милиони дронови со „поглед од прво лице“.

- Во моментов, дури и врховниот командант на вооружените сили на Украина вели дека повеќе од 60 отсто од целите се уништени со дронови. Единствено прашање е како ќе се развива тактиката на нивната употреба, а соодветно и технолошкиот аспект, нагласи Сухаревски. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk