logo
logo
logo

Аргентинските власти пресретнале авион со над 400 килограми кокаин

Vecer | 09.05.2026

Аргентинските власти пресретнале авион со над 400 килограми кокаин

Според неа, авионот што превезувал 442 килограми кокаин бил пресретнат на полиња во близина на градот Парахе, во северната покраина Вера.

Пилотот и копилотот, двајцата боливиски државјани, се уапсени, како и уште шест лица поврзани со операцијата за трговија со дрога, објавува „Ла Насион“.

Според извори од аргентинската федерална полиција (ПФА), припадниците на Одделот за борба против наркотици го пресретнале авионот „Цесна 210“ на ранчот „Дон Хулио“.

Аргентинските власти запленија два пикапи, два товарни камиони, опрема за сателитска комуникација и резервоари за гориво.

Според извештаите, денешната операција била кулминација на истрагата што започнала во март, врз основа на информациите доставени од американската Администрација за борба против дрога (ДЕА).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk