Тој е баран од италијанскиот правосуден систем за злосторства извршени како дел од организацијата.
Локалните медиуми објавија дека Берталуци бил обвинет за злосторства, вклучително и киднапирање и дека со години бил во Аргентина како бегалец, статус што го изгубил под сегашната ултра-либерална влада на претседателот Хавиер Милеј.
„Берталуци е одговорен за злосторства кои ги поткопуваат демократските вредности и животите на многу жртви“, се вели во соопштението на аргентинската влада.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поздрави веста за апсењето и истакна дека Берталуци веќе е осуден во Италија на 27 години затвор за дела поврзани со тероризам.
„Црвени бригади“ е екстремно левичарска организација активна во Италија во 70-тите и 80-тите години на 20 век, станувајќи позната по голем број злосторства. Меѓу нив е и киднапирањето и убиството на поранешниот италијански премиер Алдо Моро. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата