logo
logo
logo

Аракчи: Иран сè уште не ѝ дал дозвола на МААЕ да ги посети нуклеарните постројки

Vecer | 10.09.2025

Аракчи: Иран сè уште не ѝ дал дозвола на МААЕ да ги посети нуклеарните постројки

Иран сè уште не им дал дозвола на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги посетат нуклеарните постројки, и покрај договорот за продолжување на соработката, изјави денеска министерот за надворешни работи на Исламската Република, Абас Аракчи.

Претходно беше објавено дека Аракчи и генералниот директор на МААЕ потпишале договор за продолжување на соработката што беше прекината по израелските и американските напади врз Иран.

- Морам да напоменам дека според овој договор, во моментов не им даваме пристап на инспекторите на МААЕ, рече Аракчи, чиј коментар беше објавен на неговиот канал на Телеграм, пренесува агенцијата Исна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk