logo
logo
logo

Арагчи: Не баравме преговори со САД

Vecer | 28.01.2026

Арагчи: Не баравме преговори со САД

Аракчи изјави дека разни посредници водат консултации со Техеран, но дека разговорите можат да се одржат „само кога нема повеќе закани и прекумерни барања“, јавија британските медиуми.

„Во последните денови немало контакт меѓу мене и Виткоф и од нас не е испратено барање за преговори“, додаде министерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека дополнително американско воено засилување е на пат кон Иран и изрази надеж дека Техеран ќе постигне договор со Вашингтон.

САД го зголемија своето воено присуство во Заливот по националните протести во Иран, што доведоа до најкрвавата пресметка во земјата од Исламската револуција во 1979 година, истакнуваат британските медиуми.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера му рече на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман дека Техеран го поздравува секој процес во рамките на меѓународното право што спречува војна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk