logo
logo
logo

Арагчи: Иран не планира да ги егзекутира демонстрантите

Vecer | 15.01.2026

Арагчи: Иран не планира да ги егзекутира демонстрантите

- Воопшто нема планови за бесење, изјави Арагчи во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Си-би-ес њуз“ пред два дена, предупреди дека ќе преземе „многу силни мерки“ ако Иран почне да ги беси демонстрантите.

Додека вчера Трамп наведе дека се намалиле убиствата извршени од иранските власти при задушување на протестите и оти „веродостојни извори“ тврдат дека засега не се планирани масовни егзекуции.

Организацијата Активисти за човекови права во Иран (Human Rights Activists in Iran), со седиште во САД, соопшти дека за време на протестите во Иран загинале 2.571 човек, а приведени се 18.100 луѓе.

Иранските власти најавија брзи судски процеси против приведените демонстранти. Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад најави дека демонстрантите ќе бидат обвинети како непријатели на Бог, за што, согласно иранските закони, предвидена е смртна казна, која се извршува со бесење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk