logo
logo
logo

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп

Vecer | 25.03.2026

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп

Само 36 проценти од Американците ги одобруваат акциите на Трамп, додека минатата недела го поддржувале 40 отсто. Ставовите на Американците за Трамп значително се сменија поради неговото управување со трошоците за живот, бидејќи цените на бензинот пораснаа по американско-израелските напади врз Иран.

Само 25 проценти од испитаниците го поддржаа начинот на кој Трамп ги решава проблемите, на кој тој ја засноваше својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

И кај републиканците, кои не го одобруваат управувањето со трошоците за живот е зголемен од 27 проценти минатата недела на 34 отсто.

Рејтингот на Трамп во првите денови од неговиот втор претседателски мандат изнесуваше 47 проценти, додека минатото лето беше претежно беше околу 40 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk