logo
logo
logo

Анархист понудил 45 000 долари за убиство на обвинителката Бонди, ФБИ експресно го уапси

Vecer | 27.10.2025

Анархист понудил 45 000 долари за убиство на обвинителката Бонди, ФБИ експресно го уапси

Уапсен е 29-годишент маж од Минесота кој понудил награда од 45.000 долари за убиство на државната обвинителка. Сè започнало на ТикТок кога објава со наградата почнала да се шири вирално пред да започне брза федерална истрага.

Според американските медиуми, досието на осомничениот Тајлер Максон Авалос од Сент Пол е долго, а неговата онлајн активност открива врски со анархистички симболизам. 

Во објавата на ТикТок има фотографија од државната обвинителка Бонди со црвена точка на челото од нишан на снајпер, на која пишува: „Се бара Пам Бонди. Награда 45.000 долари. Мртва или жива, по можност мртва.“ 

Уапсениот анархист Тајлер Максон Авалос и обвинителката Бонди
 

Осмничениот е во притвор. Дополнително, неговата ТикТок страница имала анархистички симболи. 

Првично, објавата за награда имала само шест лајкови и седум коментари. Видеото било објавено на сметка со име на профил „Wacko“, со симболот на анархија.

Агентите на ФБИ добиле дојава од некој што бил на ТикТок, ја забележал објавата, а потоа ја пријавил. ФБИ соработувало со Гугл, Комкаст и ТикТок за да го пронајдат овој човек. Гугл помогнал со најавувањето на IP адресата и локациите на IP адресата. Тие исто така успеале да ја пронајдат неговата е-пошта. 

Уапсениот има криминално досие во повеќе држави, вклучително и обвинение за кривично дело следење и семејно насилство од 2022 година. 

Според Њујорк Пост, една од првичните реакции е на сенаторот Том Котон: „Левичарските закани за насилство врз федералните службеници мора да престанат. Благодарен сум што главниот обвинител Пам Бонди е безбедна и што органите за спроведување на законот го уапсија осомничениот.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk