Американските разузнавачки служби проценуваат дека штетата од нападите врз иранската нуклеарна програма е значително помала од онаа што беше очекувана. Оваа проценка предизвика незадоволство кај американската администрација, со оглед на тоа што се веруваше дека нападите ќе имаат многу посериозен ефект.
Верувам дека ги уништивме целосно. Мислам дека не успеаја да сочуваат ништо, особено поради брзината на нашата акција. Ако чекавме уште две недели, можеби ќе одеа поинаку, но е многу тешко и опасно да се однесе таков материјал. Дополнително, беа свесни дека ќе пристигнеме, и ако знаеја кога, немаше да бидат таму.
Министерот за одбрана истапи дополнително со обвинување дека објавениот извештај, кој требало да биде доверлив, има политичка позадина.
Во моментов работиме на истрага за протекување информации заедно со Федералното биро за истраги. Овие податоци се наменети само за внатрешна употреба и проценки за штета. Медиумите се обидуваат да го извртат случајот за да му наштетат на претседателот, иако операцијата беше огромен успех.
Од израелска страна, од каде и пристигна притисокот за американскиот напад, тврдат дека нападите предизвикале значителна штета врз иранската нуклеарна програма.
Според нашите проценки, нанесовме значителна штета и успеавме да ја забавиме иранската нуклеарна програма за неколку години.
За време на самитот на НАТО во Хаг, американската делегација повторно ги повика иранските претставници да се вратат на преговарачка маса.
Сепак, по прогласувањето на примирјето, иранските власти донесоа одлука за суспендирање на инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија, а се разгледува и можноста за напуштање на меѓународните договори за нуклеарна неширење.
Политичкиот курс во Техеран укажува на можност за забрзување на нуклеарната програма, што го зголемува стравот дека нападите ќе доведат до порадикални потези и развој на нуклеарно оружје како начин за гаранција на опстанокот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата