logo
logo
logo

Американски војник загина во Унгарија при подготовка за воена вежба

Vecer | 08.06.2025

Американски војник загина во Унгарија при подготовка за воена вежба

Загинатиот е 24-годишниот Арон Кокс од Мабанк, Тексас, припадник на 101. воздушнодесантна дивизија. Тој загинал на 5 јуни во несреќа поврзана со воена опрема во близина на базата „Крофт“. Командата на дивизијата соопшти дека Кокс добил смртоносни повреди при судир со воено возило. Се спроведува истрага за инцидентот.

Кокс ѝ се приклучил на американската армија во 2021 година и ова му била втора меѓународна мисија, по претходната во Полска во 2022 година.

Во март годинава, четворица американски војници загинаа во Литванија при обид да извлечат заглавено возило во мочуриште во близина на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk