Иако изгледа речиси невозможно да не се знае како изгледа британската кралица со најдолг стаж, тоа е токму она што му се случи на американски турист за време на состанок со Елизабета Втора.
Американски турист налетал на кралицата додека таа ги шетала кучињата за време на одмор во Шкотска, но не ја препознал. Поранешниот кралски асистент Ричард Грифин зборуваше за тој непријатен момент.
Тој посочи дека Американецот дури и ја прашал Елизабета дали некогаш претходно ја сретнаа кралицата, овјави „Сан“
„Не, но овој полицаец да“, наводно рекла кралицата, покажувајќи кон Ричард.
Кога ја прашал дали живее во таа област, кралицата на збунетиот турист му рекла дека „има куќа недалеку од таму“.
Сепак, туристот се уште не разбрал дека разговара со кралицата и продолжил по својот пат.
Ричард се уште се прашува дали туристот некогаш сфатил дека не ја препознал кралицата.
Кралицата Елизабета Втора е позната по својата смисла за хумор, па затоа не е чудна нејзината реакција.
Она што е сигурно е дека таа не сакала да го посрамоти и да му каже дека таа е жената за која зборува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата