Според најновите информации од американските медиуми, нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки имаат само привремен ефект врз програмата на Техеран. Разузнавачката агенција поврзана со Министерството за одбрана проценува дека ова забавување може да трае само неколку месеци.
Одговор на оваа проценка даде портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, преку платформата Икс. Таа изрази несогласување со оценките и наведе дека проценката е строго доверлива, а нејзината објава се смета за обид да се дискредитира претседателот Трамп, како и учеството на американските пилоти во мисијата. Ливит нагласи дека резултатот од нападите е многу поразличен: „Сите знаат што ќе се случи кога ќе се употребат 14 бомби од 13.600 килограми директно на целта – потполно уништување.”
Но, според информации на друг американски медиум, проценката потврдува дека нападите навистина ја забавиле иранската програма за краток период, но не довеле до уништување на постројките. Врз база на изјави од извори запознаени со ситуацијата, нападите врз постројката Фордо го уништиле пристапот, но основната инфраструктура за збогатување ураниум што се наоѓа длабоко под земја останала генерално недопрена.
Изворите ги демантираат тврдењата на Ливит за недоверливост на извештајот и нагласуваат дека ваквите прелиминарни проценки често се покажуваат како точни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата