logo
logo
logo

Американската војска го заплени танкерот „Маринера“, што пловеше под руско знаме

Vecer | 08.01.2026

Американската војска го заплени танкерот „Маринера“, што пловеше под руско знаме

Европската команда на САД објави дека танкерот „Бела 1“ е запленет поради „кршење на американските санкции“, во време кога се наоѓал во водите меѓу Шкотска и Исланд, каде што се обидел да ја избегне американската блокада на санкционираните бродови со нафта.

Американските власти, исто така, објавија дека нивните воени сили ја презеле контролата врз танкерот „Софија“ во Карипското Море.

Танкерот „Бела 1“ бил под руско знаме и преименуван во „Маринера“, и се движел кон Европа. Тој бил санкциониран уште во 2024 година поради наводен шверц на товар за компанија поврзана со либанската милитантна група Хезболах.

Претходно, руските медиуми објавија дека американските вооружени сили се истовариле на палубата на бродот и објавиле фотографија од хеликоптер во близина на танкерот.

Танкерот, што е празен и плови кон Мурманск, во претходните денови беше под постојана придружба на крајбрежната стража на САД иако бил оддалечен околу 4.000 километри од американскиот брег.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека танкерот, што сега плови под руско знаме, се наоѓа во меѓународни води и дејствува во согласност со меѓународното поморско право.

Русија изрази очекување дека западните земји, кои јавно се залагаат за слобода на пловидба на отворено море, ќе почнат самите доследно да го применуваат овој принцип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk