logo
logo
logo

Американската имиграциска полиција по грешка привеле федерален шериф, мислеле дека е имигрант

Vecer | 08.06.2025

Американската имиграциска полиција по грешка привеле федерален шериф, мислеле дека е имигрант

Заменик-шериф бил накратко приведен во лобито на федерална зграда во Тусон затоа што одговарал на општиот опис на лице кое го барала имиграциската полиција, изјави портпаролот на Канцеларијата на федералниот шериф на САД во соопштението. Не е јасно кога точно се случил инцидентот.

„Идентитетот беше брзо потврден од други службеници за спроведување на законот и тој ја напушти зградата без инциденти“, изјави Колин Грејман, портпаролка на Канцеларијата на федералниот шериф.

Канцеларијата на шерифот на САД не даде дополнителни детали ниту го објави идентитетот на приведениот заменик-шериф.

Министерството за внатрешна безбедност на САД, кое го надгледува спроведувањето на имиграциските закони, не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Масовни апсења на имигранти

Порано оваа недела, агентите на ICE извршија најголем број апсења за имигранти досега во еден ден, приведувајќи повеќе од 2.200 лица. Овој бран апсења доаѓа како одговор на притисокот од Белата куќа за брзо и драстично зголемување на апсењата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk