logo
logo
logo

Американската гранична полиција застрела цивил во Аризона, се бори за живот

Vecer | 27.01.2026

Американската гранична полиција застрела цивил во Аризона, се бори за живот

Пукањето се случило околу 7:30 часот наутро во близина на ознаката 15 на патот Вест Аривака во Аризона, објави NBC News.

Лицето, чиј идентитет не е објавен во овој момент, било пренесено во болница во критична состојба од страна на противпожарната служба на Санта Рита.

Нема информации дали некој од полицијата е повреден во инцидентот.

Министерството за внатрешна безбедност на САД не одговори веднаш на барањето за коментар.

Екипите на противпожарната служба на Санта Рита и на американскиот медицински одговор му пружиле помош на лицето на местото на настанот, според соопштението.

„Потоа пациентот бил преземен од локалната служба за медицински хеликоптери за брз транспорт до регионален центар за траума“, соопшти противпожарната служба. „Инцидентот е сè уште под активна истрага од страна на агенциите за спроведување на законот.“

Канцеларијата на шерифот на округот Пима и ФБИ се вклучени во истрагата. ФБИ исто така не одговори веднаш на барањето за коментар.

Високи тензии во САД

Да ве потсетиме дека две лица беа убиени во Минеаполис во рок од неколку недели во инциденти во кои беа вклучени агенти на ICE. Прво, на почетокот на јануари, 37-годишната Рене Гуд, американска државјанка, беше убиена за време на имиграциска операција, а случајот предизвика сомнежи и ја оспори официјалната верзија на настаните.

Пред три дена, агенти на ICE го застрелаа и убија Алекс Прети, локален медицински техничар, на улиците на Минеаполис, предизвикувајќи масовни протести и силна политичка реакција во Минесота и пошироко. По тој инцидент, американскиот претседател Доналд Трамп го смени тонот на своите јавни изјави, велејќи дека не сака повеќе смртни случаи на улиците, додека дебатата за улогата на ICE и употребата на сила стана клучно политичко прашање во Соединетите Држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk