logo
logo
logo

Американската армија ја заврши мисијата за префрлање на боците на ИД од Сирија во Ирак

Vecer | 13.02.2026

Американската армија ја заврши мисијата за префрлање на боците на ИД од Сирија во Ирак

- Мисијата на трансфер во траење од 23 дена почна на 21 јануари и резултираше со успешно преместување на повеќе од 5.700 возрасни борци на ИД од притворските центри во Сирија во ирачки притвор - се наведува во соопштението од ЦЕНТКОМ.

Преместувањето на затворениците почна набрзо по офанзивата на сириската армија во североистоичниот дел на земјата против курдските Сириски демократски сили (СДФ). САД на 29 јануари посредуваше за постигнување на договор за прекин на огнот помеѓу сириската армија и СДФ.

- Успешното спроведување на уредни и безбедни операции за трансфер ќе помогне да се спречи повторното појавување на ИД во Сирија - истакна командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Кевин Ламберт. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk