logo
logo
logo

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран

Vecer | 02.04.2026

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран

Централна команда (CENTCOM) што ги надгледува американските сили во регионот, соопшти дека во нападите се „оштетени или уништени“ повеќе од 155 ирански пловни објекти.

„Силите на CENTCOM изведуваат напади за демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритет на локации што претставуваат непосредна закана“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме Израелските одбранбени сили соопштија дека Израел досега извел повеќе од 800 напади врз Иран.

Нападите на Израел и САД врз Иран започнаа на 28 февруари, на што Техеран возврати со напади врз Израел и американските сојузници во Заливот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk