logo
logo
logo

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала

Vecer | 17.03.2026

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала

 Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран.

Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за воздушна одбрана C-RAM соборил два од нив, додека третиот дрон удрил во комплексот на амбасадата, од каде што можел да се види оган и чад. Друг сведок потврди дека во ирачкиот главен град се слушнала експлозија.

Ројтерс се обидел да добие потврда од американската Амбасада, но телефоните во неа биле исклучени.

Милитантните групи поддржани од Иран напаѓаат американски цели во Ирак како одмазда за воздушните напади на САД и Израел што започнаа на 28 февруари.

Групата Катаиб Хезболах вчера соопшти за смртта на свој висок командант и портпаролот на фрупата, а Силите за народна мобилизација соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку осум нејзини борци во ирачкиот град Ал-Каим, во близина на Сирија.

Ирачките безбедносни сили се распоредени низ делови од главниот град и ја затворија утврдената Зелена зона во Багдад, во која се сместени владини згради и дипломатски мисии, вклучувајќи ја и амбасадата на САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk