Грег Лосон, кој сега има 63 години, го напуштил градот пред поротата да го прогласи за виновен за обид за убиство од втор степен во 1991 година, соопшти ФБИ. Тој конечно е фатен благодарение на дојавата што ја добиле од ФБИ во Њу Орлеанс, изјавија федералните власти, пишува CBS News.
Во четвртокот вечерта, ФБИ објави видео од канцеларијата на шерифот на округот Биенвил на кое се гледа Лосон како е придружуван од властите на аеродромот. Лосон може да се види како се смее непосредно пред полицаецот да му стави лисици на бегалецот повеќе од три децении откако тој ја напушти земјата.
„Тридецениската потрага по маж осуден за обид за убиство заврши, благодарение на дојавата добиена од ФБИ од Њу Орлеанс“, напиша агенцијата на социјалните мрежи. „Утрово, 63-годишниот Грег Лосон се врати во затворот во Луизијана во очекување на акција од властите на округот Биенвил“.
Властите го лоцираа и уапсија Лосон во Хуатулко, Мексико, во вторникот. Агентите во Шривпорт и Мексико работеле со седиштето на ФБИ и имиграциските власти за да го лоцираат и депортираат Лосон поради прекршување на имиграцијата.
The three-decades-long search for a man convicted of attempted murder is over, thanks to a tip received by #FBINewOrleans. This morning, 63-year-old Greg Lawson is back in a Louisiana jail awaiting action by Bienville Parish authorities. https://t.co/HGdL4xJvHg pic.twitter.com/kVLfx8O7dS
— FBI New Orleans (@FBINewOrleans) September 22, 2023
Лосон е обвинет дека се обидел да го убие Сет Гарлингтон по расправија на бензинска пумпа во 1991 година. Гарлингтон преживеал, но Лосон го напуштил градот пред поротата да го прогласи за виновен за обид за убиство од втор степен.
ФБИ започнале потрага по Лосон во мај 1991 година и одговориле на различни дојави и наводни видувања во текот на годините. ФБИ уште од самиот почеток се сомневале дека Лосон побегнал во Мексико.
„Сакаме да им се заблагодариме на нашите партнери во овој случај и на јавноста, кои никогаш не се откажаа од надежта дека правдата може да биде задоволена за жртвата на г-дин Лосон“, рече Даглас А. Вилијамс Јуниор, специјален агент задолжен за ФБИ Њу Орлеанс. „Нема сомнеж дека Лосон сè уште би можел да биде во бегство доколку нашите партнери во Мексико не беа подготвени да се справат со ова толку брзо.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата