logo
logo
logo

Петер Унтерспергер

„Американците профитираат од санкциите, а Германија и Австрија СИ ПУКААТ ВО КОЛЕНО БЕЗ СЕВЕРЕН ТЕК 2“

Vecer | 17.10.2022

„Американците профитираат од санкциите, а Германија и Австрија СИ ПУКААТ ВО КОЛЕНО БЕЗ СЕВЕРЕН ТЕК 2“

Директорот на „Салинен Австрија АГ“ Петер Унтерспергер бара од Германија, во врска со поскапувањето на гасот, отворање на гасоводот „Северен тек 2“.

„Американците воопшто не се оштетени од санкциите, тие профитираат од нив, а Германија и Австрија си пукаат во колено“, објасни Унтерспергер за агенцијата АПА.

Според него, ЕУ направила големи грешки и смета дека на Украина никогаш не требало да и биде понудено членство во НАТО, но сега не може да се врати назад, бидејќи Европа би го изгубила својот углед.

Веќе во јануари, пред војната во Украина, компанијата го намали производството за 20 отсто поради цената на енергијата.

Сега, вели, ситуацијата е уште полоша.

Тој рече дека количините на однапред купена енергија се намалуваат и дека компанијата е се повеќе изложена на пазарните цени, кои само делумно може да ги пренесе на клиентите.

„Досега успеавме да проследиме само 10 до 12 отсто, а ни требаат 25 до 30 отсто“, рече тој.

Тој посочи дека производството и натаму е за 20 отсто помало и така ќе остане до крајот на годинава.

И покрај тоа, тој очекува избалансиран до малку позитивен резултат за тековната деловна година.

Унтерспергер смета дека политиката ги оставила бизнисмените на цедило.

"Зошто порано не беше префрлувањето на обновливи извори на енергија. Ако гасот е поевтин, како претприемач не можам да кажам бидејќи е одржлив и ќе купам зелена енергија од фарма на ветер, која е двојно поскапа. Јас сум не Каритас“, рече тој.

Унтерспергер, исто така, ја критикува австриската влада за воведувањето данок на CO2, што, како што вели, влијае на конкурентноста во споредба со Германија.

„Нашите германски конкуренти добиваат огромни суми на пари, а ние идиотите седиме на суво и мораме да платиме 400 евра за мегават час“, додаде тој во изјава за агенцијата АПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk