logo
logo
logo

Амазон вложува 9,5 милијарди евра во центар за податоци во Британија, ќе вработи 14.000 луѓе

Vecer | 11.09.2024

Амазон вложува 9,5 милијарди евра во центар за податоци во Британија, ќе вработи 14.000 луѓе

Филијалата на Амазон за компјутери во облак (AWS) проценува дека овие инвестиции ќе донесат дополнителни 14 милијарди фунти во буџетот на Британија до 2028 година и ќе поддржат повеќе од 14.000 работни места годишно.

„Оваа инвестиција е дел од долгорочната посветеност на компанијата за поддршка на растот и продуктивноста низ целата земја“, се вели во соопштението на Amazon на нивната веб-страница.

Американската фирма потсети дека услугите за облак компјутери на Amazon веќе ги користат бројни британски компании како Astra Zeneka или Easyjet.

Најавата за инвестицијата ја поздрави британската министерка за финансии Рејчел Ривс.

„Инвестицијата на Амазон од 8 милијарди фунти го означува почетокот на економското закрепнување и покажува дека Британија е вистинското место за водење бизнис“., рече Ривс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk