Oд возбуда преку спектицизам до теории на заговор, измешани чувства имаат жителите на градот домаќин Енкориџ, кој за три дена ќе биде центарот на светот.
-Мислам дека ќе биде возбудливо и за Алјаска и Енкориџ да бидат дел од нешто такво. Тоа е прилично историски. , изјави жител на Енкориџ.
-Мислам дека ќе биде интересна средба, иако се чини дека тоа не е наша работа. , изјави жител на Енкориџ.
-Со оглед на историјата на Алјаска со Русија, уникатно е дека предизвика многу теории на заговор, oсобено со неодредените изјави на Трамп за размена на територии. Најлудата од нив е дека ќе ѝ бидеме дадени на Русија за да се стави крај на војната во Украина. , изјави жителка на Енкориџ.
А, размената на територии меѓу Русија и Украина сосема извесно ќе биде на маса в петок, потврди вчера и самиот Трамп, што го разбранува Брисел. 26-земји членки, со исклучок на Унгарија поради противењето на Орбан, експресно потпишаа заедничка изјава во која предупредуваат дека границите на Украина не смеат да се менуваат.
- Народот на Украина мора да биде слободен да одлучи за својата иднина. Патот кон мирот во Украина не може да се одлучи без Украина. Значајни преговори можат да се одвиваат само во контекст на прекин на огнот или намалување на непријателствата. , се вели меѓудругото во писмото на земјите – членки, кое ќе му го испратат на Трамп, во обид да ја минимизираат опасноста Путин на средбата да ги постави контурите на мировниот договор и да издејствува поволни отстапки во отуство на ЕУ земјите и Киев, кои не се поканети во Алјаска. Зеленски е категоричен дека нема да дозволи територијални отстапки, во услови кога Русија контролира една петтина од украинската територија.
-Toj дефинитивно не е подготвен за прекин на огнот и на војната. Путин е решен само да ја претстави средбата со Америка како своја лична победа и да продолжи да дејствува како и досега. , изјави Володимир Зеленски.
Првиот сериозен тест Европа ќе го има утре, кога германскиот канцелар Мерц ќе одржи виртуелен самит, на кој се поканети да учествуваат Трамп, Зеленски и неколку европски лидери.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата