Секретарот на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани денеска изјави дека Иран и другите земји имаат улога во обновата на Либан, нагласувајќи дека либанското движење Хезболах е толку силно што не му треба оружје од други.
Зборувајќи на прес-конференција во Бејрут по средбата со Набих Бери, претседател на либанскиот Парламент, Лариџани рече дека исламскиот свет се соочува со заеднички непријател.
„Хезболах е вистинско движење во Либан и исламскиот свет, а неговата единствена грижа е благосостојбата на либанскиот народ. Хезболах е силен одбранбен ѕид против Израел и се жртвува за благосостојбата на либанскиот народ“, рече Лариџани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата