Резултатите ѝ даваат на Хасан, која ја презеде власта во 2021 година по смртта на нејзиниот претходник, петгодишен мандат за да управува со источноафриканската земја со 68 милиони жители.
Протестите избувнаа на денот на изборите во средата, а сведоците велат дека демонстрантите почнале да кинат постери од Хасан и да палат владини згради, додека полицијата одговорила со солзавец и огнено оружје.
Демонстрантите се лути поради тоа што Изборната комисија ги дисквалификувала двајцата најголеми протикандидати на Хасан, и поради репресијата од Владата.
Главната опозициска партија на Танзанија вчера соопшти дека стотици луѓе се убиени во протестите, а канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека има веродостојни извештаи дека најмалку 10 лица се убиени во три града низ целата земја.
Владата ги отфрли извештаите на опозицијата за бројот на жртви и ги отфрли критиките дека не ги почитува човековите права.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата