Како што наведе тој, на состанокот на воените и револуционерните фракции кои се бореле заедно со групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во Народната претседателска палата во Дамаск, било одлучено Ал-Шара да формира правен совет за преодниот период, додека не се укине сирискиот Устав.
Одлучено е и распуштање на Арапската социјалистичка партија Баат, Националното собрание, армијата и сите милиции и безбедносни служби поврзани со режимот на соборениот претседател Башар ал Асад, објави сириската новинска агенција Сана.
На состанокот е донесено и одлука за формирање „нова безбедносна институција за зачувување на безбедноста на граѓаните“.
Ал Шара претходно изјави дека изборите во Сирија би можеле да се одржат за најмногу четири години, додека изготвувањето на новиот устав би можело да потрае и до три години.
Ал Шара, кој ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која го собори поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на 8 декември, рече дека ХТС ќе биде распуштена.
САД овој месец ја укинаа наградата од 10 милиони долари што беше ветена за апсењето на Ал Шара.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата