logo
logo
logo

Ајатолахот Хамнеи: Планот на САД за раселување на Палестинците од Газа ќе биде залуден

Vecer | 18.02.2025

Ајатолахот Хамнеи: Планот на САД за раселување на Палестинците од Газа ќе биде залуден

- Идиотските планови на Американците или другите во врска со Газа и Палестина ќе бидат залудни, рече ајатолахот Хамнеи за време на состанокот во Техеран со лидерот на палестинскиот Исламски џихад Зиад Нахал.

Планот на Доналд Трамп предвидува Појасот Газа, разрушен од војна, да биде ставен под контрола на САД, а неговите 2,4 милиони жители да се преселат во Египет и Јордан.

Планот предизвика бес во меѓународната заедница, со предупредување од ОН за „етничко чистење“ на палестинската територија, потсети Бета.

Ниту еден план не може да се спроведе без договор на движењето на отпорот и народот на Газа, рече ајатолахот, додавајќи дека светското јавно мислење ги поддржува Палестинците.

Техеран веќе го осуди предлогот на САД, нарекувајќи го „напад без преседан“ врз меѓународното право и Повелбата на ОН.

Коментирајќи го договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој вклучува размена на заложници и затвореници меѓу двете страни, Хамнеи рече дека „оние кои пред една и пол година тврдеа дека го уништиле отпорот (Хамас) за кратко време, денес ги примаат своите затвореници во мали групи од рацете на борците на отпорот“.

Тој додаде дека за возврат Израел ослободува „голем број палестински затвореници“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk