logo
logo
logo

Ајатолахот Хамнеи ги отфрли критиките на САД за иранската нуклеарна програма

Vecer | 20.05.2025

Ајатолахот Хамнеи ги отфрли критиките на САД за иранската нуклеарна програма

Ајатолахот Хамнеи, за време на комеморацијата на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина лани во хеликоптерска несреќа, денеска изјави дека „никој во Иран не чека дозвола од САД“ и додаде дека „Исламската Република има своја политика и насока до која ќе се држи“.

Коментарите на Хамнеи дојдоа во време кога индиректните разговори меѓу Иран и САД наводно продолжуваат, иако тој изрази сомнежи за нивниот исход. Неговите коментари ја одразуваат растечката фрустрација на Техеран од застојот во нуклеарните разговори, како и пошироките тензии во односите меѓу САД и Иран во последните години.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи, за државната агенција ИРНА изјави дека „не е донесена конечна одлука за следната рунда преговори“ и дека „Исламската Република Иран го разгледува ова прашање додека ги анализира контрадикторните и постојано променливи позиции на американската страна“.

ИРНА, исто така, објави дека заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, изјавил дека Техеран добил предлог во врска со следната рунда индиректни преговори со Вашингтон и дека моментално го разгледува. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk