logo
logo
logo

ЖЕНА со 4 килограми „ЗОМБИ ЦИГАРИ“ УАПСЕНА на АЕРОДРОМ

Vecer | 18.04.2026

ЖЕНА со 4 килограми „ЗОМБИ ЦИГАРИ“ УАПСЕНА на АЕРОДРОМ

На токискиот аеродром „Ханеда“ уапсена е 50-годишната државјанка на Тајван, Лиу Тинг-ју, под сомнение за обид за шверц на четири килограми етомидат, супстанца во јавноста позната како „зомби цигара“. Според извештаите на агенцијата „Кјодо“, јапонската полиција оваа акција ја карактеризира како заплена од рекордни размери.

Осомничената пристигнала во Јапонија со лет од тајландскиот аеродром „Суварнабуми“. Дрогата била откриена за време на деталната царинска контрола при скенирање на нејзиниот багаж. Лиу пред истражните органи ги негирала обвиненијата, тврдејќи дека куферот го позајмила од друго лице и дека воопшто не знаела за неговата содржина.

Етомидатот, кој првично се користи како анестетик во медицината, во последно време масовно се злоупотребува во електронски цигари. Поради тешките нуспојави кои ги предизвикува, како губење на контрола над телото и когнитивните функции, го доби прекарот „зомби дрога“. Јапонските власти најавија засилени контроли на аеродромите поради сè почестите обиди за илегално внесување на оваа опасна супстанца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk