- На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението на „Росавијација“.
Во меѓувреме, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека силите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана собориле вкупно десет беспилотни летала што летале кон руската престолнина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата