logo
logo
logo

Адмирал Драгоне: НАТО разгледува поостар одговор на руските кибер напади и саботажи

Vecer | 01.12.2025

Адмирал Драгоне: НАТО разгледува поостар одговор на руските кибер напади и саботажи

- На кибер полето главно реагираме пост фестум. Размислуваме да бидеме попроактивни, а не само реактивни, рече Драгоне во разговор за Фајненшл тајмс.

Драгоне наведе дека „превентивен удар“ во одредени околности би можел да се смета за „одбранбена акција“, но предупреди дека таквиот пристап е „далеку од вообичаениот начин на размислување и делување на Алијансата“. Тој истакна и дека пред НАТО стојат и бројни правни прашања и прашања на надлежност кои треба да се решат.

Меѓу другото, Драгоне укажа дека НАТО и неговите членки имаат „далеку повеќе ограничувања“ отколку Русија, поради законите и етичките обврски, што го комплицира одговорот, но подвлече дека клучната цел е спречување на идна агресија.

- Како да се постигне одвраќање – со одмазда или превентивен удар – е нешто што мора детално да го анализираме, заклучи тој.

Европа во последните години е погодена од бројни инциденти на хибридно војување, од пресекување на подводни кабли во Балтичкото Море до кибер напади низ целиот континент. Одредени членки, особено од Источна Европа, го повикаа НАТО да престане да се сведува на одбранбена реакција и да премине на возвратни мерки, особено во кибер доменот каде многу земји поседуваат офанзивни капацитети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk