logo
logo
logo

Администрацијата на Трамп разгледува опции за воен одговор на нарко-картелите

Vecer | 08.08.2025

Администрацијата на Трамп разгледува опции за воен одговор на нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба до Пентагон да подготви опции за ангажирање на војската против нарко-картелите кои беа прогласени за терористички организации претходно оваа година, потврдија американските претставници.

Во февруари, администрацијата на Трамп ги означи нарко-картелите, вклучувајќи ги „Трејн де Арагва“ и „Синалоа картелот“, како глобални терористички организации, како дел од засилената борба против нелегалната имиграција и криминалните групи поврзани со трговија со дрога.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека таквата квалификација сега дозволува употреба на воени и разузнавачки капацитети против тие организации.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум Пардо денеска изјави дека припадниците на американската војска нема да влегуваат на мексиканска територија.

„САД нема да дојдат во Мексико со војската. Соработуваме, но нема да има инвазија, тоа е апсолутно исклучено. Тоа не е дел од никаков договор, далеку од тоа“, изјави Клаудија Шајнбаум. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk