logo
logo
logo

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Vecer | 03.05.2025

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Американските претставници подготвуваат нови економски санкции против Русија во областите на банкарството и енергетиката, со цел да го зголемат притисокот врз Москва да ги прифати напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, изјавија тројца неименувани американски претставници запознаени со тоа прашање за американски медиуми.

Санкциите се насочени кон рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ и големи субјекти во секторите за природни ресурси и банкарство, изјави функционер на администрацијата на Трамп кој побарал анонимност.

Не е сосема јасно дали Трамп ќе го одобри тој пакет санкции со оглед на неговата почетна симпатија за изјавите и постапките на официјална Москва, додаваат американски медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk