Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција, без учество на САД, за да се обезбеди непречен поморски сообраќај низ Ормутскиот теснец по завршувањето на конфликтот, истовремено спротивставувајќи се на вклучувањето на „завојуваните страни“ и нагласувајќи координација со регионалните актери, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на сопствени извори.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека е предвидена меѓународна одбранбена мисија во која нема да бидат вклучени „завојуваните страни“, прецизирајќи дека ова се однесува на САД, Израел и Иран, пишува „WSJ“.
Операцијата би се одвивала во три фази - воспоставување логистика за ослободување на стотици заглавени бродови, спроведување голема операција за расчистување на мини со употреба на повеќе од 150 европски миночистачи и распоредување фрегати и уништувачи за воена придружба, по моделот на мисијата на Црвеното Море.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата