logo
logo
logo

Зеленски го промени тимот

Vecer | 17.07.2025

Зеленски го промени тимот

Украинскиот парламент изгласа нова влада на чело со премиерката Јулија Свириденко, објави пратеникот Јарослав Железњак.

Во новиот кабинет се вклучени двајца поранешни заменици на премиерот - Олексиј Собољев, кој беше назначен за министер за економија, земјоделство и животна средина, и Тарас Качка за заменик-премиер задолжен за европски интеграции, објави Ројтерс.

Исто така, Светлана Гринчук беше назначена за шеф на Министерството за енергетика.

Свириденко денес беше избрана за нова премиерка на Украина.

За нејзиното назначување гласаа 262 од 450 членови на Врховната рада.

Таа ќе го замени Денис Шмихаљ, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи Свириденко да ја предводи украинската влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk