logo
logo
logo

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ во земјотресот на Филипини се искачи на 37

Vecer | 09.06.2026

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ во земјотресот на Филипини се искачи на 37

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,8 степени што ја погоди покраината Сарангани на филипинскиот остров Минданао во понеделник се искачи на 37, соопшти Канцеларијата за цивилна одбрана (OCD).

Според најновите бројки, 33 лица загинаа во регионот Соксарген, вклучувајќи 18 во Сарангани, 12 во градот Генерал Сантос и три во Јужен Котабато, додека уште четири смртни случаи се пријавени во регионот Давао, објави GMA News.

Во земјотресот се повредени 456 лица, додека четири лица се водат како исчезнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk