logo
logo
logo

ВИРТУЕЛНО НАСИЛСТВО СО РЕАЛНИ ЖРТВИ - Напаѓачите во Турција зависници од оваа ВИДЕО ИГРА!

Vecer | 16.04.2026

ВИРТУЕЛНО НАСИЛСТВО СО РЕАЛНИ ЖРТВИ - Напаѓачите во Турција зависници од оваа ВИДЕО ИГРА!

Новите детали од истрагата за двата последователни напади во училиштата во Шанлиурфа и Кахраманмараш откриваат застрашувачки сличности меѓу напаѓачите. Во овие крвави настани, кои се случија во интервал од само 24 часа, животот го загубија 12 лица, вклучувајќи ги и сторителите, додека 33 лица се здобија со повреди.

Првиот напад се случи на 14 април во училиштето „Ахмет Којунџу“ во Сиверек, каде Омер Кет повреди 16 лица пред да изврши самоубиство. Само еден ден подоцна, јавноста ја потресе нов случај во Кахраманмараш. Таму, 16-годишниот Иса Арас Мерсинли искористил пет пиштоли во сопственост на неговиот татко за да рани девет лица, по што и тој го загубил животот.

Заеднички именител: Виртуелно насилство

Главната алка што ги поврзува двајцата напаѓачи е нивната екстремна зависност од видеоиграта PUBG, препознатлива по насилната борба за преживување. Истражителите кај Мерсинли пронашле и компјутерски документ со кој ја најавил акцијата, додека Кет претходно упатувал јавни закани преку социјалните мрежи. Иако мотивите се воени и насилни, досега не е утврдена никаква поврзаност со терористички организации.

Наставниците ги опишуваат напаѓачите како повлечени млади луѓе кои реалноста ја замениле со воени симулации. Овие трагедии отвораат сериозни прашања за безбедносните пропусти, особено во делот на контролата на приватното оружје и заштитата на младите од деструктивните влијанија на дигиталниот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk