Товарен брод и туристички брод се судрија во близина на Хановер, веројатно за време на неуспешен маневар за престигнување, при што шест патници на екскурзискиот брод се полесно повредени, објави денес германската локална противпожарна служба.
Баржа и екскурзивен брод со приближно 170 патници се судрија синоќа во каналот Мителанд во Хановер, во близина на мостот Нолтемаер, објавува денес „Дер Шпигел“.
По судирот, спасувачите им пружиле помош на шест лица на екскурзискиот брод, кои се здобиле со полесни повреди, а ниту еден од повредените не барал хоспитализација.
Точниот обем на штетата сè уште не е познат, а според противпожарната служба, немало истекување на гориво од бродовите по судирот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата